Јавноста во САД е згрозена по најновото убиство што се случи, а кое беше првично објавено од Универзитетот Канзас, како и од самата полиција. Се работи за смртта на 25 годишната Риган Гибс која што ги бранеше боите на овој универзитет во минатото, а која што е пронајдена мртва.
По пријава од нејзиниот сопруг, Гибс е пронајдена во нејзиниот стан мртва, а уапсен е токму сопругот со име Чед Џозеф Марек.
„Тој самиот ја пријави смртта на Гибс, а потоа и го призна убиството во полициска станица. Ни рече дека Бог му пратил сигнал да ја убие сопругата“ – зјави за медиумите шефот на полицијата