ФИФА за прв пат во својата 92. годишна историја одлучи на Мундијалот во Катар да делегира судии жени. Се работи за Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукасанага од Руанда и Јошими Јашамита од Јапонија.
Во редот на новитети кои ќе се појават за прв пат на Мундијалот кој ќе се одржи на крајот од календарскава година, доаѓа и оваа, со фактот што за прв пат на еден меч од Светските првенства ќе судат и жени. Секако, сеуште не е одлучено на кои мечеви ќе биде тоа, но во секој случај ова е револуционерен потег, кој ќе наиде на одобруање кај светската јавност.
FOTO Getty images