Какво полуфинале, каква драма во првиото полуфинале на Ф4 турнирот во Евролигата меѓу Анадолу Ефес – Олимпијакос која заврши со триумф на турскиот тим и актуелниот првак на Европа.Мициќ, при резултат 74-74, со тројка во последната секунда му донесе финле на својот Ефес.
Спектакуларна атмосфера во Арената во Белград, фантастичен меч во кој и Ефес и Олимпијакос одиграа одличен меч кој на крајот заврши со триумф на турскиот тим со резултат 77-74.
Инаку Олимпијакос подобро го започна ова полуфинале. Имаше водство во првата фаза средбата, со еден поен предност се замина на пауза.
Во продолжение од средбата Ефес беше подобар, но Олимпијакос врати во последната четвртина.
Во самиот финиш Мициќ за малку ќе беше трагичар, промаши две слободни, но не и кога беше најпотребно. Последниот напад сам го заврши и тоа со тројка за победа.
Вечерва од 21 часот се игра второто полуфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Барселона.
Победникот се среќава со Анадолу Ефес во недела во големото финале.