Чекаа 42 години и дочекаа: Ајнтрахт е освојувач на Лига Европа (видео)

1589

Ајнтрахт Франкфурт е победник на Лигата на Европа за 2022 година. Вечерва во финалето на „Санчез Писхуан“ во Севиља го совлада трофејниот шкотски клуб Ренџерс и тоа на пенали 5:4 откако во регуларниот дел и по продолженијата мечот заврши 1:1.
Со тоа Ајнтрахт по пауза од 42 години конечно се израдува на еден европски трофеј. Во 1980 година го освои Купот на УЕФА, а дури сега повторно го виде блескавиот пехар.

Во првото полувреме немаше погодоци, а во 57 минута шкотскиот тим го отвори резултатот со гол на Џо Арибо.
Сепак, германската екипа изедначи во 69 минута преку Рафаел Боре на асистенција на Филип Костиќ.
Па мечот отиде во продолженија, а и таму немаше победник па се шутираа пенали.
А таму играчите на Ајнтрахт ниту еднаш не погрешија, додека кај Ренџерс трагичар беше Арон Ремзи чиј удар голманот Трап го запре во четвртата серија.

Ренџерс не успеа во своето второ финале во ЛЕ/Куп на УЕФА. Во 2008 година беа запрени од Зенит, сега од Ајнтрахт. Останаа со еден евро-трофеј, оној од поранешниот КПК во 1972 година.

 

ПретходноМаркос Антонио е нов член на Лацио
СледноВориорс ги растурија Далас во првиот меч од финалето на Истокот (видео)