Воска Спорт во пресрет на својот историски меч за влез во ПМФЛ покажува дека не се шегува. Имено играчите и стручниот штаб денеска попладне пристигнаа во Струмица, а веќе и го одработија првиот тренинг на стадионот “Благој Истатов“ каде во недела во 17 часот и ќе се одигра средбата со Тиквеш, бараж средба во која победникот наредната сезона ќе игра во ПМФЛ, додека поразениот состав ќе игра во единствената втора лига.
Охриѓани ништо не оставаат на случајот, токму затоа во наредните денови до недела, ќе имаат можност да се аклиматизираат на теренот во Струмица.
Четата на Раде Цицмиловиќ верува во себе и верува дека може да го победи Тиквеш и да испише историја.
Да потсетиме дека во вториот бараж, кој се игра во Штип, се среќаваат Скопје и Беласица.