Претседателот и сопственик на ФК Вардар, Слободан Крстевски до редакцијата на „Спортмедиа“ испрати демант за текстот „ФК ВАРДАР Е ЖРТВА НА ГРАДЕЖНАТА МАФИЈА КОЈА СОНУВА НОВ КОМПЛЕКС ВО ПАРК!?” објавен на 16.05.2022 година.
Во текстот за ФК Вардар никаде не се споменати зборовите „плочкар“ или „фасадер“, па затоа се оградуваме од овие обвиненија од страна на Слободан Крстевски, кој побара да биде објавен демант. Истовремено сметаме дека новинарското перо е загрозено со тоа што се најавува тужба за дел од зборови кои ги нема во ниту еден дел во текстот.
СПОРТМЕДИА во продолжение ви го пренесува демантот на Слободан Крстевски.