Ретко кој очекуваше дека по онаа црна низа, кошаркарите на Еуро Никел ќе успеат да се издигнат и да се вратат на третото место на табелата во Супер-лигата. Избраниците на Горан Самарџиев по ТФТ, на домашен терен го совладаа Пелистер со убедливи 94-70 и се најде во плеј-офот. А истото ќе треба да го потврдат со победа над Феникс во последното коло од Супер-лигата.
На другата страна пак битолчани останаа без шанси да се вратат на лидерското место пред стартот на претпоследната битка која носи пласман во финалето. Во следната рунда играат со директниот конкурент, но по овој пораз, ќе останат на второто место и со триумф над МЗТ Скопје. Според изгледот на табелата тие во полуфиналето ќе играат против Еуро Никел.
Одличната игра во третата четвртина беше клучна за триумфот на кавадарчани, овој период го добија со 31-12 и во последните десет минути влегоа со позитива од 81-57, недостижна за гостите, кои беа без Марјан Илиевски на клупата и Бобан Стајиќ во составот. Двајцата беа суспендирани поради инцидентот во Гостивар.
Џекиќ беше стрелец на 16 поени, Дубински запиша 15, додека Калахан 13. На другата страна Кесар имаше 20 поени, Малешевиќ 15, еден помалку запиша Младеновски.