Двајца наши ракометари настапија за своите екипи во редовното коло во ракометната Бундеслига. Имено Филип Миркуловски со својот Вецлар успеа да дојде до триумф и тоа против Балинген на гости со 24-28. Македонецот стрелаше двапати во мрежата на домашниот состав.
Филип Кузмановски и неговиот Хановер одиграа реми против тимот на Минден и тоа со резултат 26-26. Во самиот финиш тимот на нашиот ракометар не успеал да победи. Кузмановски својот настап го завршил со два гола.