Михаилов и Божиновски – Силекс: Ние сме бранители на пехарот, ваквите мечеви се за уживање!

364

Силекс лани успеа да го освои големиот пехар во Купот на Македонија, беше подобар од А. Пандев, а утре за ривал ќе го силниот состав на Македонија ЃП. Кратовци по само една сезона во втората лига експресно се вратија таму каде што им местото, во елитата, а сега не кријат дека посакуваат пехарот да остане во нивните клупски витрини и во следната година.

Стратегот на Силекс, Горазд Михалов на прес – конференцијата потенцираше…

Благодарност за убавите зборови од страна на ривалот. Да, ние сме второлигаши, но ние сме бранители на трофејот. Македонија ЃП има сериозен квалитет. Според мене фаворитската улога не треба да се дава никому зошто се игра само еден меч, на кој се дава максимум. Сепак Македонија ЃП доаѓа од повисок ранг , па ете нека има блага предност. Ова за мене е трето финале и нека биде трета среќа“.

За Михаилов пеналите се лотарија…

Да, пеналите се лотарија. Треба да стигнеш до нив, едно е да шутираш, а друго е да тренираш, се знае каков е притисокот. Верувам дека ако дојде до тоа ние ќе знаеме како да се носиме со притисокот. На ваков меч нема кој не сака да игра. Немаме повредени, имам мали дилеми околу составот. Силекс ќе игра фудбал, зошто ваквите мечеви се за уживање“.

Даниел Божиновски, голманот на кратовци, а воедно и капитенот на Силекс истакна…

Нашиот тим претрпе многу измени сезонава. Сепак ние се воигравме. Приоритет беше пласман во ПМФЛ и во тоа успеавме. Предвизник беше купот и ете, успеавме да се најдеме во финалето. Сите сме во очекување на почетокот на мечот и секако дека ќе го дадеме максимумот. Ова за мене четврто финале, имам две победи и еден пораз“.

ПретходноБајрами и Адем – Македонија ЃП: Имаме квалитет да го освоиме трофејот во Купот!
СледноКуп финале бр.29: Македонија ЃП VS Силекс, кој до посакуваниот пехар, кој до Европа? (ФОТОГАЛЕРИЈА)