Англискиот шампион Манчестер Сити го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во сезоната 2022/23. Дресот е во сина боја, со црвени и бели линии на ракавите и околу вратот инспириран од минатото, поточно од шеесеттите години на минатиот век во чест на клупската легенда Колин Бел или попознат меѓу фановите како „Кралот Колин“.
Бел беше дел од генерацијата која ја освои титулата во Англија во 1969 година, а и европскиот Куп на победници на куповите во 1970 година. Тој тим на Сити од крајот на шеесеттите беше најдобриот до пред неколку години кога клубот доби арапски газди и претрпе револуција.
На официјалната интернет продавница дресот се продава помеѓу 55 и 70 фунти.
Manchester City unveil their new home kit for 2022-23 💙 pic.twitter.com/5Kv6Q47VkF
— GOAL (@goal) May 19, 2022