Тргна во Вардар, платија сметка им пуштија „струја“

3713

Организациската катастрофа која се случува во најтрофејниот македонски фудбалски клуб е главната причина поради која ФК Вардар неуспеа да се врати на експресен начин во елитното друштво. И покрај таквите реални слики кои се дел од „црвено-црниот„ табор во последните неколку години сепак одредени лица без ниту еден грам, срам и одговорност си тераат со агендата и се однесуваат како да водат селска задруга а не најголема клубска институција.

Но сепак денеска се случи напредок на организациско ниво. Момент кој можеби треба да биде пресуден за иднината на клубот. Управата која е затрупана во долгови успеа по ¾ дена борба да плати една од заостанатите сметки за електрична енергија. Тоа беше причина поради која и „светна“ во комплексот на Вардар во Хиподром каде неколку дена струјата беше исклучена поради наталожени долгови. Нема услови за тренинзи, нема перење на опремата, нема ништо без електрична струја. Се најдоа пари за една сметка, но како што дознаваме долговите само за оваа намена се околу 20 до 25.000 евра!

Вака ли клуб ќе се води!? Вака ли ќе се вратат славните денови!? Ветивте екпспресен кам-бек, милиони, авиони, а вие покрај нередовната исплата на платите немате пари ниту за основните потреби и плаќањето на режиските сметки. Тоа бледо соопштение со кое се обидовте да го избегнете дебаклот и неуспехот не поминута. Следуваат уште прашања деновиве на кои секако нема да има одговори…

ПретходноВелинов продолжува со Гостивар! (ФОТО)
СледноЕуро Никел најдобар кога е најпотребно, Пелистер се лизна во Кавадарци