ФИФА со револуционерен потег, и дамите дел од арбитражата на Мундијалот во Катар

84
ФИФА за прв пат во својата 92. годишна историја одлучи на Мундијалот во Катар да делегира судии жени. Се работи за Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукасанага од Руанда и Јошими Јашамита од Јапонија.
Во редот на новитети кои ќе се појават за прв пат на Мундијалот кој ќе се одржи на крајот од календарскава година, доаѓа и оваа, со фактот што за прв пат на еден меч од Светските првенства ќе судат и жени. Секако, сеуште не е одлучено на кои мечеви ќе биде тоа, но во секој случај ова е револуционерен потег, кој ќе наиде на одобруање кај светската јавност.
FOTO Getty images
ПретходноСекоја чест за фановите на Ајнтрахт: Луда забава на стадионот во Франкфурт! (ФОТО +ВИДЕО)
СледноИнциденти во Белград: Фановите на Олимпијакос предизвикаа тепачки со полицијата! (ВИДЕО)