Зарем минаа толку брзо 20 години? Како вчера да беше кога Кометал ЃП ја израдува цела Македонија, кога стана европски шампион на денешен ден (19 мај) во таа, сега веќе далечна, 2002 година. СРЦ Кале вриеше, во возудухот се чувствуваше тој шамшионски здив, а Кометал ЃП во реваншот од финалето во ЛШ успеа да го победи Херц Ференцварош со 26-22. Сосема доволно Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева и останатите да да и ја донесат блескавата титула на Македонија со која уште се гордееме.
Ова беше прв фантастичен успех на нашиот ракомет на клупски план, прв во нашата историјата, во нашата самостојна Македонија.
Кометал ЃП тогаш беше гигант во европски рамки, цела Европа говореше за тимот кој што беше симбол на нашиот спорт.
Неколку години подоцна, Македонија во два наврати, и тоа со Вардар, доби и европски шампион во машка конкуренција.