Алкалоид го задржа победничкиот курс во Првата лига плеј-офот. Дебитантот во ова натпреварување и нов суперлигаш, на претпоследниот меч оваа сезона дојде до нова убедлива победа.
Ракометарите на Алкалоид без проблем ја добија и пресметката против Драчево, на гостински терен славеа со 28-42. Оваа средба беше решена уште во првото полувреме, избраниците на Љубомир Савевски имаа предност од 10 гола (12-22). Мечот го отворија со 3-11, пред полувремето дојдоа до водство од 11-21, позитива со која заминаа на одморот.
По едно вакво издание немаше дилеми за крајниот победник на оваа средба. Мартин Димовски со седум и Игор Ѓоргиев со шест гола беа најефикасни на мечот. Кај домаќинот Андовски имаше осум гола, еден помалку запиша Петковски.
Денеска исто во меч од деветото коло, Голден Арт беше поразен од Работнички со 30-28.