Бостон го возврати ударот по првиот пораз во финалето во Источната конференција во НБА-лигата. Селтикси славеа со убедливи 127-102 и изедначија на 1-1 во серијата.
Хитс го дообија првиот меч, но тогаш во составот ги немаше Маркус Смарт и Ал Хорхорд, со нив двајца Селтикси делуваат многу посериозно, тоа го доакажаа синоќа.
„Жешките“ поведоа со 18-8 и ги снема. По ова Бостон направија серија и по првата четвртина поведоа со 24-35, на полувремето беше 45-70. Дури ниту проблемот на Џејсон Татум со личните грешки не беше проблем, Селтикси ги погодоција првите девет тројки од 11 обиди. Ѕвездата на Бостон во втората четвртина постигна 17 поени.
Работите да бидат уште полоши за домаќините, поради повреда на коленото останаа без одличниот дефанзивец Такер, кој му се придружува на Лоури на листата на повредени играчи.
Татум на крајот имаше 27 поени, Браун додаде 24, како и Смарт, кој запиша уште 12 асистенции и 9 скока, додека Џими Батлер со 29 поени беше прв стрелец на теренот.
ФОТО: НБА