Екипата на Леванте со убедлива победа од 4:2 на гостувањето кај Рајо Ваљекано во последното коло се прости од Ла Лига. Екипата од Валенсија успеа да победа, но попусто ги освои овие три бода затоа што одамна испадна од елитното друштво, но вечерва барем се насладуваше на триумфот над Рајо.
Столе Димитриевски не беше на голот на Рајо вечерва (бранеше Зидан), а Гарсија донесе водство за мадриѓани. Сепак, до крајот на првото полувреме гостите свртија на 1:3 со два гола на Мелеро и еден на Марти.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди му асистираше на Мелеро за голот за 3:1.
Гвардиола во 61. минута намали, а во 76. минута Коке реализираше гол за победа од 4:2.
Во другиот меч од ова коло Реал Мадрид на домашен терен одигра без голови со Бетис. Реал е првак на Шпанија, а Бетис обезбеди пласман во Лига Европа.