Милевски в понеделник го објавува списокот за дуелот со Бугарија и јунскиот циклус во ЛН!

255

За разлика од селекторот на Бугарија, Јасен Петров, кој пред два дена го објави списокот на играчи на кои ќе смета дуелот со нашата репрезентација на 2 јуни во Разград, нашиот предводник Благоја Милевски списокот ќе го објави во понеделник.

Познато е дека покрај тој меч во Разград, нашата А-репрезентација ќе игра уште три натпревари во јунскиот циклус во Лигата на Нации. И тоа со Гибралтар на гости (5 јуни) со Грузија и Гибралтар дома (9 и 12 јуни).

Па така Милевски планира да повика најмалку 27-28 играчи кои секако дека би требало да добијат и адекватна минутажа со оглед на тоа дека се игра за така кусо време дури четири меча.

И официјално на списокот нема да бидат Аријан Адеми и Адис Јаховиќ, а повик ќе добијат неколку млади играчи како Димоски, Фазлагиќ, Гроздановски.

ПретходноФА и полицијата покренуваат истрага против Виера (ВИДЕО)
СледноКавадаречка “инвазија“ на Струмица: Повеќе од 1.000 фанови ќе го бодрат Тиквеш на неделниот бараж со Воска!