Изминатиот викенд на програмата во плеј оф шампионатот на Бугарија беше дуел помеѓу Славија Софија и Левски. Истиот заврши со триумф на гостите од 1:2, но еден момент остави одличен впечаток, кој вреди да го споменеме.
За домашниот тим во составот беше ветеранот Дарко Тасевски кој сеуште е активен на 38. годишна возраст. Тој во моментов е дел од Славија Софија, но долго време настапуаше за Левски од 2007 до 2012 година кога одигра преку сто натпревари за овој клуб. Тоа навивачите на Левски не го за бораваат, напротив, го сметаат нашиот интернационалец за легенда на клубот, и го испочитуваа со транспарент „Дарко врати се дома“.
Тасевски пак потоа на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите со нотирање, дека ова е голема чест за него.