Уште една потврда колку е респектиран и почитуван Аријан Адеми во Динамо Загреб, посебно кај фановите на “модрите“. Имено во клупската анкета, на која се гласаше за тоа кој најдобар играч на Динамо во пролетниот дел од сезоната, најмногу гласови, односно 32% доби Аријан Адеми, репрезентативецот на Македонија и капитенот на Динамо, кој и оваа сезона со “модрите“ ја освои шампионската титула во ХНЛ. Да кажеме дека во оваа анкета вкупно 2.300 лица го дале својот глас, а една третина од нив за Адеми.
„Секако дека е голема чест за мене да се дојде до ова признание. Им благодарам на сите навивачи кои гласаа за мене, како и на сите други кои ги следеа нашите натпревари во текот на оваа полусезона. Вие сте голем ветар во грб за нас, се надевам дека ве развеселивме со новата титула, така и ќе продолжиме“ изјави Адеми за клупскиот сајт со што им се заблагодари на фановите на Динамо Загреб.