Менаџерот на Кристал Палас, Партик Виера, и официјално ќе се најде под истрага на ФА односно на полицијата за инцидентот кој се случи вчера по завршувањето на мечот Евертон – Кристал Палас во рамките од Премиер лигата.
По завршувањето на истиот и по големиот пресврт на Евертон (3:2), односно обезбедениот опстанок, дојде до хаос на теренот односно навивачите влегоа онаму каде што не им е местото.
Еден од нив го испровоцира Виера, овој не му остана должен, па сето тоа оди едно ниво погоре сега. Се поведува официјална истрага околу случајот пред да бидат покренати и евентуални обвиненија. Централна фигура на истрагата ќе биде токму Патрик Виера.
Patrick Vieira has been filmed in an altercation with an Everton fan on the pitch at Goodison Park during tonight’s pitch invasion. pic.twitter.com/MOliWvsSHJ
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 19, 2022