Во недела ќе се вози Ф1 трката за ГН на Шпанија на патеката “Каталуња“ и според информациите од тамошните медиуми се очекува рекордна посета и тоа најмалку од 100.000 гледачи покрај патеката. Се вели дека ваков интерес досега немало во Шпанија за една трка во Формула во историјата на таа земја, но и така е поради фактот дека Ф1 и дефинитивно се врати во мода. Посебно по оној лански епски дуел меѓу Верстапен и Хамилтон, како и поради Алонсо, но секако и поради фактот дека Ферари оваа сезона и тоа како е конкурентен.
Па така во недела фановите на Ф1 ќе уживаат крај патеката “Каталуња“.