Французите велат, Лион тргнува по Барди

129

Енис Барди следната сезона многу веројатно ќе има нов клуб. Леванте и официјално е второлигаш, а нашиот интернационалец секако дека не би имал ништо против по пет сезони минати во овој клуб, да замине на некое друго место.

Дел од француските медиумите денеска пренесуваат дека тимот на Лион е заинтересиран да го види нашиот репрезентативец во своите редови и дека ќе проба да го доведе за десет милиони евра.

Договорот на Барди истекува летово, но Леванте ќе ја активира клаузулата за автоматско продолжување на две години за да може нешто да заработи на нашиот репрезентативец.

 

Претходно29.Куп финале: Македонија ЃП и Силекс во битка за пехарот, во битка за Европа…
СледноСимиќ го објави првичниот список на У18 репрезентативци