После две и пол години, Ерлинг Халанд ја напушта Борусија Дортмунд. Одличниот норвешки напаѓач кариерата ја продолжува во Манчестер Сити, откако остави голем белег во бундес-лигашот. За овој тим одигра 86 голови и 23 асистенции на 89 меча.
Веднаш штом стана јасно дека си оди, Халанд одлучил на соиграчите и одредени луѓе кои работат во Дортмунд да им подели подароци. Спред „Билд“ тој потрошил 500.000 евра.
На секој од 33. соиграчи им подарил „Ролекс“ часовник кој има лична гравура, а цената на еден се движи од 13 до 15 илјади евра. Тој им подарил специјални подароци на клупскиот персонал, готвачи, физиотерапевти, лекари…
Часовниците доаѓаат од Холандија во мали кутии, на секоја од нив се наоѓа фотографијата на фудбалерот.
„Ми беше чест да го носам овој дрес. Во Борусија минав незаборавни моменти, се запознав со посебни луѓе, навивачите секогаш беа 12. играч на теренот. „Жолтиот ѕуд“ беше навистина неверојатен. Ви благодарам на сите“, беше порака на Ерлинг Халанд пред да си замине.