Адем: Го освоив првиот трофеј со мојата најдрага екипа

420

Капитенот на Македонија Ѓорче Петров Ермедим Адем не ја криеше радоста и кажа дека е пресреќен што го освоил трофејот со најдрагата екипа.

Знаевме како ке тече мечот. Знаевме дека Силекс ќе се брани и дека ке проба да стигне до пенали. Успеа во тоа. А ние сме добри пеналџии, и тоа е тоа. Немам друго објаснување како стигнавме до овој трофеј. Едноставно добро изведуваме пенали. А и среќата беше на наша страна.

Ова е за мене прв трофеј, освоен со мојата најдрага екипа. Македонија ЃП е мој клуб заслужено го вративме пехарот во Ѓорче. Се надевам дека ќе имам уште поголеми успеси во кариерата“, изјави Ермедин Адем.

 

ПретходноМакедонија е замената за Русија на Европското првенство под 18 години!
СледноХеројот Стевковски: Пресреќен сум…овој триумф е за сите нас, за цело Ѓорче!