„Волчицата“ славеше во Торино и избори пласман во ЛЕ (видео)

124

Екипата на Рома се квалификуваше во Лигата на Европа по победата на гостувањето во Торино со 3:0 во 38.коло на Серија А. Момците на Мурињо го отворија резултатот во 33. минута преку Абрахам, а истиот играч во 42. минута од пенал зголеми на 2:0.

Во второто полувреме, поточно во 78. минута уште еден пенал за Рома, а овојпат го реализираше Лоренцо Пелегрини.

Со оваа победа Рома осигура најмалку шесто место (моментално е на петтото место со 63 бода, а може да падне на шестото ако Лацио го добие својот меч). И да заврши шеста повторно ќе оди во Лига Европа.

Торино е на 10. место.

ПретходноАлкалоид лансираше 42 гола во мрежата на Драчево!
СледноЛеванте и Барди со победа над Рајо се простија од Ла Лига, а мируваа мрежите на „Бернабеу“