Во Реал Мадрид стануваат нервозни!

1123

Реал Мадрид веќе долго време работи на трансферот на Килијан Мбапе. На францускиот фудбалер му истекува договорот со ПСЖ, а веќе со месеци се пишува дека ќе стане дел од „кралскиот“ тим.

Но, оваа ситуација се менува, барем ако се верува на зборовите на „Марка“. ПСЖ не се откажува, па на маса му понуди се што може да посака еден фудбалер, не се само парите, тука е капитенската лента, како и можноста да одбере со кои играчи би сакал да игра следните сезони.

Сето ова донело нервоза во редовите на Реал Мадрид. Французинот требаше да објави дека се договорил со новиот тим, кој ќе му даде 130 милиони евра, веднаш по потпишување на договорот, тој тргнал во нови преговори со ПСЖ.

Во целата приказна се споменува и мајката на Мбапе, која е главна, таа ги известила челниците на Реал дека нејзиниот син се уште размислува. Во таборот на шпанскиот клуб се сомневаат дека ќе остане уште година-две, а ПСЖ станува се посигурен дека ќе ја убеди својата ѕвезда во тоа.

Пред четири дена Мбапе истакна дека не може да зборува за својата иднина, но дека во скоро време ќе биде се познато. Одлуката треба да ја донесе пред собирот со француската репрезентација во јуни.

ПретходноЗвучи неверојатно: Микел Хансен никогаш не ја освоил Лигата на шампиони
СледноПоделба меѓу навивачите на Голден Стејт: Бидете како Џесика Алба