Тимот на Гостивар дефинитивно следната сезона планира да игра главна улога во ВМФЛ Запад конкуренцијата. Уште од сега се подготвува тимот за на есен, се потпишуваат договори со играчите кои го понесоа најголемиот товар во измининатат сезона.
Па така, по Велинов, Муарем, Дервиши, денеска клубот се пофали дека е потпишана нова соработка и со Лазар Пеев, Борјан Пановски, Амир Јашар и Ринор Ајдини.
Гостиварци планираат и неколку сериозни засилувања со што тимот дефитнивино повеќе ќе личи на прволигашки отколку на второлигашки.