Дали се подготвува „бомба на Енфилд“: Ван Дајк добива „партнер“ од соништата?

360

Според италијанските медиуми Вирџил Ван Дајк би можел да добие одличен соиграч во одбраната, во која во изминатиот период соработуваше со неколку фудбалери. Најновата информација која доаѓа од Италија е дека Матијас де Лихт од Јувентус би можел да се пресели во Премиер-лигата, раководството на Ливерпул има интерес за неговите услуги.

Од Торино се обидуваат се да го продолжат договорот со младиот фудбалер, за кој се предвидува дека ќе биде предводник на одбраната во наредната деценија, но преговорите со него не одат мазно.

Неофицијално, 22-годишниот фудбалер се уште се двоуми дали да потпише договор кој му истекува во 2024 година, а дури и да го стори тоа, можноста во одреден момент да се пресели на „Енфилд“ со соиграчот Вирџил е многу веројатна.

ПретходноХаланд ги воодушеви соиграчите, потрошил половина милион евра на подароци!
Следно29.Куп финале – историјат: Силекс е бранител, Вардар со најмногу трофеи, но нема финале 15 години!