Дортмунд го отпушти Марко Росе

137

Неколку европски медиуми јавуваат во моментов дека тимот на Борусија Дортмунд денеска му врачил отказ на досегашниот тренер Марко Росе. Информацијата најверојатно ќе биде потврдена од страна на клубот во следните час, два но е речиси сигурно дека Росе нема да го води клубот во следната сезона.
Дортмунд заврши како втор изминатата сезона зад шампионот Баерн Минхен со минус од осум бодови.

Засега сеуште нема ниту шпекулација кој би можел да го наследи Росе на клупата на „Милионерите“ кои ги очекува „пост Халанд“ период откако норвежанецот замина во Сити летово.

ПретходноНавивачите на Левски не забораваат, Дарко врати се дома
Следно29.Куп финале: Ѓорче вечно ќе го памети голот на Филип Ивановски во 2006 година, вреден трофеј! (ФОТО+ВИДЕО)