Заврши 29.Куп финале на Македонија, и тоа со победа на тимот од Ѓорче, кој подобро изведуваше пенали заслужен победи.
Следувашее редовната церемонија во која првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини им го предаде победничкиот пехар на “лавовите“, а потоа се знае ЕУФОРИЈА. Голема радост, посебно кога играчите на своите раце го “летнаа“ својот тренер Муарем Бајрами кој ете им го донесе пехарот по цели 16 години.
Да кажеме дека тоа беше интересно, можеби не така интересно финале, кое заврши со пенал – серија а тука царуваше голманот на “лавовите“ Стевковски кој израснува во вистинска голманска „ѕвезда“.
Во ложата на Арената беше целиот врв на ФФМ предводен од претседателот на Федерацијата Муамед Сејдини, тука беше и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Сите тие уживаа во ова големо финале во Купот на Македонија.