Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за Медитеранските Игри, кои од 25.06 до 05.07 ќе се одржат во Алжир.
Лазаров одбра 26. имиња, а меѓу нив се најде Дејан Манасков после долго време. Македонскиот репрезентативец беше надвор од терените поради тешката повреда на коленото, поради која мораше да направи операција. Тој се врати во дресот на Веспрем пред извесно време, а Лазаров го стави на поширокиот список.
На истиот, очекувано се најдоа младите ракометари, кои преку овие Игри ќе можат да го убедат Лазаров дека заслужуваат место во најсилниот национален тим и големите предизвици во иднина, но има и репрезентативци со искуство, како Талески, Томовски, Мишевски…