Михајлов: Сребрениот медал за мене е злато, Силекс одигра одлично но немаше среќа

760

Тренерот на Силекс Горазд Михајлов е задоволен од играта на својот тим во финалето на Купот, но посочи дека среќата била наклонета кон противникот.

Тешко е да се зборува по пенали бидејќи тие се лотарија …. Задоволен сум од тоа како одигравме. Беше онака како што замисливме. Честитки за Македонија ЃП за трофејот, среќата беше на нивна страна.
А медалот што го држам е сребрен, но за мене е злато затоа што покажав дека со Силекс е сезона и како второлигаш може да постигне таков успех.

Понекогаш на вакви натпревари не можете да се потпрете на она што најдобро знаете да го направите, туку треба да се потпрете на тактиката. Тоа го прави и еден Атлетико Мадрид или Ливерлул ….

Не би менувал ништо… Би го играл истото сега кога изгубив. Добивам многу позитивни пораки во моментов за тоа што го одигравме. Реално немаше разлика и не се позна кој е првигаш кој второлигаш на овој дуел“, изјави Михајлов.

ПретходноСтевковски и Македонија ЃП се мајстори за пенали, од 1/8 финалето до триумф во Купот преку ПЕНАЛ – СЕРИИ!
СледноБајрами: Победата ја посветуваме на нашите семејства и на навивачите