Веспрем по пласманот на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони, продолжи победнички во домашниот шампионат. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков на гостински терен го совлада Нека со 24-33 во меч од 25. коло.
До 23. триумф оваа сезона, Веспрем дојде благодарение на добрата во второто полувреме, претходно домаќинит беше рамноправен противник во првите 30. минути, кои ги доби со 17-16.
Манасков пружи уште една блескава партија, зад своето име запиша шест гола од седум обиди.