Погба поради една причина му откажал на Сити!

205

Пол Погба е еден од оние фудбалери кој е во центарот на вниманието. Ова лето се очекува да го напушти Манчестер Јунајтед после шест години од мак-бекот. Францускиот фудбалер нема да оди во Манчестер Сити, иако веќе имал се договорено со тимот кој го предводи Пеп Гвардиола, тврди „Тајмс“.

Според овој медиуми, францускиот фудбалер бил во завршна фаза од преговорите, но во последен момент се откажал од овој трансфер, а причината се навивачите на „црвените ѓаволи“.

Тој смета дека неговиот живот ќе стане многу тежок во Манчестер доколку одлучи да го замени Јунајтед со Сити, особено ако се земе дека Погба беше дел и од младинската школа на „црвените ѓаволи“. Фановите на Јунајтед нема да му простат што ќе премине во редовите на градскиот ривал, па токму затоа преговорите со „граѓаните“ завршиле неуспешно.

Погба во Јунајтед дојде во 2016 година, до денеска освои само три трофеја, а клубот за него на Јувентус му плати 105.000.000 евра. Во овој момент главни фаворити за неговите услуги се Јувентус, се споменува и ПСЖ. Останува да видиме каква ќе биде неговата нова одлука.

ПретходноКога Бостон е комплетен приказната е поинаква (ВИДЕО)
СледноТрајковски и Ал Фејха испишаа историја во Саудиска Арабија (ВИДЕО)