И женската ракометна репрезентација ќе биде дел од Медитеранските Игри ова лето. За Љубомир Савевски и неговите избранички ова ќе биде еден голем и важен тест пред најголемиот предизвик во ноември, а тоа е Европското првенство, кое ќе се одржи во Словенија, Македонија и Црна Гора.
Предводникот на „црвено-жолтите“ објави поширок список од 35 имиња, кои ќе конурираат за Игрите во Оран, кои се закажани од 25.06 до 05.07.2022 година.