Се бара од ФИФА да исплати 440 милиони долари за мигрантите кои работеа на стадионите во Катар!

195

Познато е дека во пресрет на СП во Катар, коe се игра ноември – декември годинава, имаше многу шпекулации и контроверзи со работниците – мигранти, кои работеа на изградба на стадионите во таа земја. Се шпекулираше дека загинале илјадници и дека работеле во крајно мизерни услови. Токму затоа повеќе светски организации кои се занимаваат со човековите права, откако не наидоа на одговор од властите во Доха, сега бараат од ФИФА таа да ги обештите тие работници и семејствата на жртвите со вкупно 440 милиони долари.

Ова е сума речиси еднаква на целиот награден фонд на Мундијалот и тешко дека ФИФА ќе се сложи на вакво нешто. Инаку ова барање директно било предадено до Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА.

Во одговорот од страна на ФИФА стои дека дополнително ќе се разгледува можноста за исплата на евентуална отштета.

ПретходноДешамп не го зема Жиру за Лигата на Нации
СледноКога Бостон е комплетен приказната е поинаква (ВИДЕО)