Стевковски е херојот: “Лавовите“ преку пеналите до пехарот…и до Европа! (ВИДЕО)

337

Победник во 29.куп финале е тимот на Македонија ЃП и тоа по подобро изведување на пеналите со 4:3 откако успеа да го победи Силекс. По 120 минути резултатот беше 0:0. Со овој триумф овој тим стави печат и на пласманот во Европа. Не така атрактивно финале, но сепак интересно кое на крајот мораше да се решава во пенал – серијата.

Херој беше Стевковски, голманот на Македонија ЃП кој во два наврати успеа да одбрани во пенал серијата. Попзлатанов се посрамоти, сакаше со „паненка“ да даде гол, но тој удар беше очаен. Сепак Емини го реши победникот откако успеа да даде гол во петатата серија.

Мечот започна со нешто поагресивна игра на “лавовите“, додека Силекс се виде дека ќе игра дефанзивно и тоа со формација 4-5-1. Првата закана ја упати Стојкоски, офанзивецот на “лавовите“, но немаше гол. Како што одминуваше времето така и таа агресивна игра на тимот од Ѓорче стануваше се појалова. Матеус во таа 22.минута беше во казнетиот простор на кратовци, но тука немаше пенал. Силекс сакаше од контри да се закани, и тоа прво му успеа во 23.минута преку Каланоски, а истиот играч во 42.минута шутираше со глава, но над голот на “лавовите“.

Па така на пауза се замина со резултатот 0:0.

ШТО ЛИ ПРОПУШТИ КАЛАНОСКИ!

Само што започна вториот дел Силекс одново со шанса, или полушанса. И повторно тука беше Каланоски, кој од лево од колу 10-12 метри шутираше, но Стевковски одбрани.

Силекс за разлика од првиот дел како да почна да игра поофанзивно, сакаше да игра фудбал. Имаше неколку добри акции.

И тогаш дојде супер шансата за Силекс, и одново Каланоски во 56.минута, се најде сам пред голот, но Стевковски фантастично одбрани. Штета за кратовци, можеа многу лесно да дојдат во водство.

Опасни се кратовци од контрите. Во 60.минута Воша со полуволеј се закани, но над голот. Добро е, се подобар фудбал се гледа во ова финале.

Но само до 80.минута кога некака да се „разводни“ играта, а Македонија ЃП се обидуваше да стори нешто. Интересно е то што дојде до забуна на клупата на Силекс во однос на измените кога направија три измени во три наврати. А имаа право на пет измени но во три наврати.

Каланоски одново во 87.минута шутираше, но повторно Стевковски брани. Нема што, напаѓачот на Силекс се изнаигра вечерва.

До крајот немаше голови, па се замина во продолженија.

Во првото продолжение Купер имаше шанса, но сепак и натаму немаше голови во ова финале. И во второто немаше гол па на крајот пенал – серијата го даде победникот на ова финале.

 

 

Финале Куп на Македонија

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0:0 (0:0) ( 4:3П)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 3.500. Судија: Александар Грујоски (Кичево). Стрелци:Ж. Картони: Алексовски, Купер, Емини (МАК), Каланоски, Алии, Цветаноски, Спиркоски (СИЛ).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанасковски, Мишевски, Личина, Емини, Адем, Воша (105. Божиновски), Лазаревиќ, Матеус (90. Алексовски), Попзлатанов, Стојкоски (56. Купер).

Тренер. Муарем Бајрами.

СИЛЕКС: Божиновски, Рајков, Манасиевски (77. Танушев), С. Стојчевски, Љамалари, Каланоски, Спиркоски (105. Цветаноски), Алии, Димоски (77. Петкоски , Коцев (57. Ф. Стојчевски), Серафимовски.

Тренер: Горазд Михаилов.

ПретходноФормула 1 се враќа во мода: На неделната трка на “Каталуња“ се очекуваат 100.000 гледачи!
СледноПо 16 години Куп-пехарот се врати во Ѓорче! (видео)