Каква сезона во Купот за Македонија ЃП. Освоен е вториот пехар во Купот, но навистина во неверојатен стил. Во првото коло тримф над Детонит со 3:0. Потоа победи и тоа се на пенали. Прво со Шкупи во 1/8 финалето, па триумф над А. Пандев исто на пенали, па со Струга ТЛ секако на пенали и на крај во финалето, да, на пенали.
Мајстор имаат на голот, а тоа е Стевковски кој фантастично брани удари од белата точка.
И тоа е тоа.
Македонија ЃП знаеше како од белата точка, Силекс не успеа како второлигаш да испише историја.
Овој пехар засекогаш ќе се памети, како пенал – пехар.
Неверојатно…