Енис Барди следната сезона многу веројатно ќе има нов клуб. Леванте и официјално е второлигаш, а нашиот интернационалец секако дека не би имал ништо против по пет сезони минати во овој клуб, да замине на некое друго место.
Дел од француските медиумите денеска пренесуваат дека тимот на Лион е заинтересиран да го види нашиот репрезентативец во своите редови и дека ќе проба да го доведе за десет милиони евра.
Договорот на Барди истекува летово, но Леванте ќе ја активира клаузулата за автоматско продолжување на две години за да може нешто да заработи на нашиот репрезентативец.