Херојот Стевковски: Пресреќен сум…овој триумф е за сите нас, за цело Ѓорче!

396

Христијан Стевковски, младиот голман на Македонија ЃП е херојот на победничкиот тим во вечерашното куп финале кое “лавовите“ го добија откако беа подобри изведувачи на пеналите од Силекс.

Тој не само што одбрани два удари од белата точка, туку во три наврати му фати зицери на Каланоски, и тоа со фантастични одбрани во текот на натпреварот.

Затоа тој е играчот на натпреварот, херојот на Ѓорче.

Немам зборови по едно вакво финале. Целата екипа е заслужна, пенали дојдоа на крај. Мораше на стресен начин да се реши ова финале. Не е случајно, оваа сезона во купот четири пати победуваме на пенали. Пресреќен сум, секако“ вели голманот на херојот на “лавовите“.

Тој смета дека за победите во пенал – сериите се заслужни и играчите, а не само тој…

Да, бадијала јас ќе бранам ако тие не постигнуваат голови. Така да заслугата е заедничка. Инаку оваа победа е за сите нас во клубот, ова е победа за цело Ѓорче. Сакам да истакнам благодарност до мојот тренер на голманите Виктор Ивановиќ, а и секако благодарност до нашите фанови“ изјави Стевковски.

ПретходноАдем: Го освоив првиот трофеј со мојата најдрага екипа
СледноАлкалоид лансираше 42 гола во мрежата на Драчево!