Познати се казните од она што се случуваше во Тетово, на сите оние силни инциденти на мечот меѓу Шкендија и Шкупи. Па така надлежните во ФФМ ја казнија Шкендија со четири меча играње надвор од Тетово, односно на стадион кој е одалечен повеќе од 100 км.
Иаку тетовци се и парично казнети и тоа со 5.000 евра.
Се чека само на официјална потврда за казните кои што ги доби или ќе ги добие Шкендија.
Ова значи дека во следната сезона првите четири меча на кои тетовци ќе бидат домаќини ќе мора да играат надвор од својот стадион, веројатно до 10.коло нејзините фанови не ќе можат да ја гледаат во градот под Шара, освен ако во тој период не игра со Ренова како гостин.