29.Куп финале: Македонија ЃП и Силекс во битка за пехарот, во битка за Европа…

221

Денеска е фудбалски празник во Македонија. Се игра 29.финале во Купот, а во него се среќаваат Македонија ЃП и Силекс. Клубови кои и тоа како сакаат да го освојат пехарот. “Лавовите“ чекаат цели 16 години а кратовци се актуелни освојувачи и тие ќе го бранат трофејот освоен минатата година.

Македонија ЃП јасно е дека фаворит на вечерашниот меч кој се игра на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 18 часот. И тоа најмногу поради фактот дека против себе ќе има “второлигаш“, но кој може така лесно да го отпише Силекс. Имаат одличен мотиватор за тренер во името на Горазд Михаилов кој знае добро што треба за да се победи во финалето, а тоа го покажа во 2013 година како стратег на Тетекс.

Кратовци имаа перфектна сезона, во конкуренција на Вардар и Воска немаа проблем да го освојат првото место во ВМФЛ – ЗАПАД и експресно да се вратат во елитата. Тие испишаа историја. Силекс е првиот наш тим кој досега како второлигаш

Македонија ЃП сезонава лошо ја започна, но со седнувањето на тренерската клупа на Муарем Бајрами дојдоа успесите, малку недостигаше да се избори Европа преку првенството, но ете шанса тоа да се стори преку Купот.

No description available.

Да, вечерва се бие битка не само за пехарот во Купот туку и за излез на евро – сцената. Македонија ЃП или Силекс? Кој ќе победи ќе се најде во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе заработи добра паричка, а тоа за нашите клубови е пресудно.

Па така вечерашното финале ќе биде битка до последен здив. Финале кое многу носи за победа, а со пораз многу се губи.

Финале на Купот на една држава секогаш е нешто посебно, нешто што е повеќе од фудбал, од спорт. Победниците вечно се паметат, додека на поразените никој не се сеќава.

Очекуваме одлично финале, тимови кои знаат да играат убав и атрактивен фудбал, и на крај нели…подобриот нека победи, нека се радува на пехарот, и со среќа во фудбалска Европа ова лето.

Време е за големото 29.финале во Купот на Македонија…

ПретходноГостивар и следната сезона со Пеев, Пановски, Јашар, Ајдини…
СледноФранцузите велат, Лион тргнува по Барди