29.Куп финале – полувреме: Премногу тактика, многу борба, без голови играат Македонија ЃП и Силекс!

143

Без голови по првите 45.минути на 29.Куп финале меѓу Македонија ЃП и Силекс. Премногу тактика, многу борба и без голови, тоа е накусо она што се случуваше во првиот дел.

Македонија ЃП поагресвно го почна мечот, првата закана ја испрати Стојкоски, но како што одминуваше времето дефанзивниот Силекс ги амортизираше акциите на „лавовите“.

Матеус во 22.минута се најде во казнетиот простор на кратовци, но тука немаше пенал. На спротивната страна Каланоски имаше шанса, шутираше, но голманот на “лавовите“ беше на своето место. Во 42.минута Каланоски се закани со шут со глава, но топката отиде над голот.

И тоа беше тоа во првиот дел на ова финале кое го следат околу 3.000 гледачи на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

ПретходноКавадаречка “инвазија“ на Струмица: Повеќе од 1.000 фанови ќе го бодрат Тиквеш на неделниот бараж со Воска!
СледноПрвиот човек на Ла Лига: Барса не ќе може да го регистрира Левандовски!