Македонија ЃП досега го има освоено само еднаш пехарот во Купот на Македонија, и тоа пред 16 години кога го спектакуларното финале против Шкендија славеше со 3:2. Неверојатен натпревар, тетовци двапати водеа, “лавовите“ двапата израмнуваа. И тогаш Филип Ивановски во 90+2.минута го реши победникот. Ја зема топката, ја мина речиси цела одбрана на тетовци во слалом – стил и успеа да ја затресе мрежата на Шкендија за победа од 3:2.
Сите во Ѓорче убаво се сеќаваат на тој 24 мај 2006 година кога “лавовите“ го освоија засега единствениот пехар. Потоа следуваа порази од Работнички во 2009 и од А. Пандев во 2019.
Македонија ЃП вечерва го игра своето четврто финале и го посакува вториот трофеј.