Кавадаречка “инвазија“ на Струмица: Повеќе од 1.000 фанови ќе го бодрат Тиквеш на неделниот бараж со Воска!

1582

И тоа како ќе биде супер интересно во недела во Струмица, каде на стадионот “Благој Истатов“ од 17 часот, се игра бараж дуелот за пласман во ПМФЛ меѓу Тиквеш – Воска Спорт. По многу перипетии околу тоа каде ќе се игра овој меч, ФФМ донесе конечна одлука тоа да биде Струмица.

May be an image of text

Па така најверните фанови на Тиквеш, познати како “Лозари“ имаа намера и тоа како да патуваат во Струмица во недела и да го бодрат својот тим. Дознаваме дека се подготвува навивачка “инвазија“ врз Струмица во недела. Имено најмалку 1.000 кавадарчани ќе присуствуваат на стадионот во Струмица и ќе му ја дадат сета поддршка на својот Тиквеш со цел и во следната сезона да игра во нашата фудбалска елита.

ПретходноМилевски в понеделник го објавува списокот за дуелот со Бугарија и јунскиот циклус во ЛН!
Следно29.Куп финале – полувреме: Премногу тактика, многу борба, без голови играат Македонија ЃП и Силекс!