Кирил Лазаров поради повреда долго време не беше во составот на Нант. Предводникот на нашиот национален тим на првата бараж пресметка со Чешка на гостински терен се здоби со повреда на раката поради која мораше да биде надвор од терените.
Вечерва Лазаров се врати во составот на Нант, но не влезе во игра. Неговиот тим на домашен терен беше подобар од Сесон Рен со 31-26. По 26. коло во францускиот шампионат, тимот Нант се наоѓа на второто место на табелата зад ПСЖ.
Мине, Пешмалбек и Персон имаа по пет погодоци, Нилсен запиша девет одбрани.