ФА и полицијата покренуваат истрага против Виера (ВИДЕО)

288

Менаџерот на Кристал Палас, Партик Виера, и официјално ќе се најде под истрага на ФА односно на полицијата за инцидентот кој се случи вчера по завршувањето на мечот Евертон – Кристал Палас во рамките од Премиер лигата.

По завршувањето на истиот и по големиот пресврт на Евертон (3:2), односно обезбедениот опстанок, дојде до хаос на теренот односно навивачите влегоа онаму каде што не им е местото.

Еден од нив го испровоцира Виера, овој не му остана должен, па сето тоа оди едно ниво погоре сега. Се поведува официјална истрага околу случајот пред да бидат покренати и евентуални обвиненија. Централна фигура на истрагата ќе биде токму Патрик Виера.

ПретходноНе сте ја виделе во вакво издание: Наташа Андонова разголена на плажа! (ФОТО)
СледноМилевски в понеделник го објавува списокот за дуелот со Бугарија и јунскиот циклус во ЛН!