Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Интер почнал преговори со фудбалерот на Рома Хенрик Мхитарјан за можен трансфер од Рома ова лето. Ерменскиот репрезентативец има договор со римскиот клуб до крајот на јуни, а преговорите за продолжување на договорот бавно напредуваат. Тоа значи дека Интер може да ги смени работите и да го убеди 30-годишниот фудбалер да дојде на „Меаца“.
Интер е лимитиран околу трансферните активности поради финансиските рестрикции па така бара слободни фудбалери, а токму Ерменецот се наметнува како добар избор. Инаку овој играч настапуваше за Арсенал и Манчестер Јунајтед, а во Рома е еден од клучните играчи во средниот ред.