Забавата може да почне, но не во Мадрид туку во Париз. Имено како што јавуваат медиумите во Франција во текот на попладнево, Килијан Мбапе одлучил каде ќе ја продолжи својата кариера, а тоа е ПСЖ. Значи тој ќе остане во Париз на “Паркот на Принцовите“ и во наредните пет години.
Интересно е тоа што Флорентино Перез веќе дигнал раце, на играчите им кажал дека ништо нема од трансферот на Мбапе, а се очекува неговото доаѓање во Белград каде вечерва неговиот Реал Мадрид ќе игра финале во кошаркарската Евролига против Ефес.
Секако дека ова е големо понижување за Дон Флорентино, кој не успеа да ги доведе ниту Халанд ниту Мбапе.
Инаку како што се најавува емирот од Катар веќе е во Париз, тоа значи дека се е готово, а ПСЖ официјално ќе ја соопшти веста дека Мбапе останува вечерва и тоа веднаш по мечот од последното коло во Лига 1 и тоа против Мец.
Зе очекува голема забава во Париз…
Значи ПСЖ – Реал Мадрид 1:0, барем кога станува збор за Килијан Мбапе.