Бобан Николов и екипата на Шериф Тираспол денеска ја освоија двојната круна. Во финалниот меч на националниот куп на Молдавија, Шериф славеше со 1:0 на дуелот со Ст. Георге и со тоа ја потврди доминацијата во молдавскиот фудбал.
Нашиот репрезентативец денеска остана на клупата за резерви кај Шериф.